Депресивно големиот бизнис со маски против загадување

Како што започнаа, веќе традиционалните, есенски пожари низ Калифорнија така тамошните власти препорачаа граѓаните да почнат да користат N95 маски (бројката означува дека филтрираат најмалку 95% од честичките). Како што народ почнаа да слуша препораки, така аптеките низ големите градови останаа без ниту една маска.

Ланецот аптеки ЦВС во цело Сан Франциско нема на залиха ниту една маска, а Фаст компани пишува и за производителот на маски со двоен слој, 02Тудеј, (30 долари една) кој веќе ја има распродадено целата своја залиха и добива преднарачки за својот нов модел.

Дел од производителите, одлучија да им се најдат на жителите на Калифорнија, па нарачаните маските им ги испраќаат без да наплаќање за испорака.

3М, масовниот производител на се и сешто, кој е задолжен за снабдување на резервите на американскиот Црвен Крст со маски против загадување и до сега за 2018 има донирано над 500.000 N95 маски, и покрај сите напори не може да ја процени побарувачката сред криза.

„Компании за производство на маски против загадување како Аириниум, 02Тудеј и Кембриџ маск компани во изминатите две години ги зголемија своите производни капацитети во САД и Европа како одговор на се поголемото загадување на воздухот во урбани области - 92% од сите градови во светот не ги задоволуваат стандардите за квалитет на воздухот препорачани од Светската здравствена организација.

Денес најголемата побарувачка за такви производи доаѓа од Азија, каде големите градови како Њу Делхи и Пекинг имаа постојани проблеми со квалитетот на воздухот. Меѓутоа се позачестените пожари во западен САД, маските за загадување ќе станат задолжителни за секое домаќинство.

Течсај рисрч проценува дека глобалниот пазар за уреди за прочистување на воздухот до 2021 ќе достигне 29 милијарди долари,“ пишува Кетрин Шваб во Фаст компани.

15 ноември 2018 - 12:33