Дебел и здрав не постои

Самата идеја е доста привлечна за секој дебел човек, дека ете иако е точно дека сите органи му се обвиени во сало сепак збирот на таквата реалност е дека тој е физички здрав. Логиката и науката велат поинаку.

„Нашите заклучоци го негираат ставот дека физички активен животен стил може да надомести за штетните ефекти на прекумерната тежина и дебелина,“ објаснува др. Алеандро Лусија, од Европскиот Универзитет во Мадрид.

Тој ги отфрла претходните тврдења дека физичката активност надоместува за штетата од дебелината, објаснувајќи дека таквата позиција е штетна и довела до контроверзни здравствени политики кои „приоретизираат физичка активност и фитнес, пред слабеење“.

Тоа што го тврди Лусија се базира на бројки од 525.000 возрасни жители на Шпанија, на кои просечната возраст им била 42 години и две третини од нив биле мажи.

Без разлика на тежината, сите испитаници што вежбале имале помала веројатност да страдаат од шеќер, притисок или холестерол, во споредба со оние кои немале никаква активност. Исто така веројатноста од шеќер и притисок растела на сите нивоа на дебелина како што опаѓала физичката активност.

Меѓутоа ваквата илузија на здравје се распаѓа кога дебелите ќе ги споредиш со луѓе со нормална тежина, без разлика на нивото на активност на овие вторите. Пример, активен дебел човек во однос на неактивен нормален човек има два пати поголема веројатност да има висок холестерол, четири пати повеќе за шеќер и пет пати повеќе за притисок.

„Вежбањето не компензира за негативните ефекти од вишокот килограми. Овој заклучок важи и за мажите и жените кога биле одделно анализирани.

Борбата со дебелината и неактивност е еднакво важна; и треба да биде заедничка битка. Слабеењето треба да остане главна цел за здравствените политики заедно со промовирање на активен животен стил,“ порачува Лусија.

25 јануари 2021 - 16:04