Алиша Силверстон сака да ја послушате за вакцините

Таа е доволно позната па не мора посебно да се претставува. Но, зошто НЕА би ја слушале за една важна тема каква што се вакцините? Игзектли.

Џени Мекарти и Алиша Силверстон имаат пар заеднички моменти: двете се убави плавуши кои беа познати во 90-тите а сега се обидуваат својата популарност да ја искористат за давање, во најмала рака чудни и медицински и родителски совети.

И додека плејбој зајачето Мекарти во последно време се обидува макар и незграпно да го исчисти својот имиџ од глупостите кои ги има тресено заради што стана општ предмет на подсмев, Алиша Силверстон е тука за да го пополни испразнетото место на познат мегафон против вакцините.

Таа со години е веган и гласен застапник на таквиот начин на исхрана, а откако пред три години стана мајка, се самоназначи и за експерт за мајчински работи. 

И никој нема проблем кога таа мисли дека храната кој им се дава на малите деца треба прво да биде изџавакана од родителите, или кога верува дека е многу битно да го научите детето да кака во двор. Проблем е кога такви ликови ќе почнат да  делат стручни совети и да порачуваат: "дозволете да ви кажам една информација".

Во нејзината нова книга "Добрата мама" таа ветува "авторитетно упатство кое ќе ги научите жените да им веруваат на своите инстинкти".

Како прво - тампоните. Алиша е многу против нив бидејќи предизвикувале неплодност. Се повикува на една студија со која е утврдено дека во тампоните може да се најдат елементи на штетниот диоксин. Но, кај неа ја нема студијата која прецизира дека нивото на диоксин во тампоните е меѓу 13.000 и 240.000 пати помало од нивото на диоксин кој го има во секојдневната храна.

Силверстон тврди дека нејзиниот син никогаш не бил болен заради начинот на исхрана.

"Затоа што неговото тело се супер-чиста, здрава машина која може сама да се одбрани, никогаш му немам дадено ни капка лек" 

Убаво е мајка да се грижи за здравата исхрана на детето, но идејата за "супер-чиста и здрава машина" е обичен мит кој ниту може ниту треба да биде идеал. Особено не ако зналци како Силверстон ја поврзуваат со наградата дека 'во таков случај нема да биде потребна ни капка медицина'.

Нејините анти-вакцини ставови главно се базираат на мислењата на педијатарот Џеј Гордон, кој пак, главно е познат како личен лекар на синот на Џени Мекарти.

Гордон е лекар кој тврди дека во битката против полиото, поефикасно од вакцинирање е ако децата се научат да не јадат сирење или сладолед. И е човек кој многу лежерно се занимава со статистички бројки ("99% од педијатрите не сакаат да разговараат со родителите за вакцинацијата") или релевантни примери ("Лично познавам родители чии деца не беа исти по вакцинирањето").

Во нивниот свет нема ништо за погубната цена предизвикана од движењето против вакцинирање, ниту пак за научните сознанија за митовите во кои веруваат.

"Педијатрите и родителите треба да разговараат за најдобрите решенија за децата. Родителите треба да се грижат за здравата исхрана на своите мали. Тампони користете или не користете. Само немојте да правите нешто само затоа што девојката од спотовите на Аеросмит рекла така. Бидејќи, тек тоа е глупо", вели Мери Елизабет Вилијамс од Салон.