Ако не можеш да го решиш, прати му го на друг

49 сојузни држави се уште немаат најдено решение за тешката, долга и скапа процедура за лечење на менталните болести. Невада пак одлучи овие луѓе да ги качи во автобус.

Од 2008-ма најголемата болница за ментални болести во Невада, качила во автобус најмалку 1.500 свои пациенти кои потоа биле однесени во болници во најразлични сојузни држави.

Иако секоја сојузна држава добила најмалку по еден пациент, најголемиот дел, околу една третина, завршиле во Калифорнија.

Минатата година психијатриската болница Rawson-Neal, испорачала 400 пациенти во другите сојузни држави, притоа за дел од нив немало никаков договор за сместување или терапии. Од болницата тврдат дека сите пациенти биле стабилни и дека некој од семејството ги чекал на крајната дестинација.

Трошокот што болницата го има за секој пациент што го згрижува изнесува околу 500 долари на ден.

22 април 2013 - 10:06