Здравје

Човек на човека е веган

Инстаграм селебрити веганка (звањето сигурно одлично го личи на визит карта) со над 1 милион и 300 илјади следбеници е фатена на видео како јаде риба. Реакцијата од следбеници е отприлика како девојкава на видеото да го јаде сопственото дете. Повеќе

Анти-ваксерска карма

Висок италијански функционер на владејачката Лига со години корне од пропагирање против задолжителното вакцинирање против сипаници, а минатата влада ја нарекуваше „сталинистичка“ затоа што терала задолжително вакцинирање. Што мислите од која болест моментално е заразен? Повеќе

Американците банкротираат од што се разболеле

60% од личните пријави за банкрот во САД се должат на неможност да се платат добиени здравствени услуги. Човек некогаш ќе куртули и од рак, или барем ќе добие време во таа борба, само што тоа време ќе го минува снаоѓајќи се како да ги плати трошоците за лекувањето. Повеќе

Прочистувачи на воздух, меѓу „треба“ и „сите имаат“

Индустријата која во 2017-та во САД вреди 2,6 милијарди долари, до 2023 се очекува да порасне на 3,9 милијарди долари, и тоа не значи дека прочистувачите на воздух функционираат, ниту пак дека не функционираат. Повеќе

Дали се доволни 657.461 дете за темата вакцини - аутизам?

Со екстензивна студија во Данска се испитувало дали постои врска меѓу ММР вакцината и појавата на аутизам. Наше е да ви пренесеме дека нема. Н е м а. Ама се разбира, на Фејсбук сте виделе и поинаку што тврдат. Повеќе

Да бидеме на чисто, викендов нема да се наспиеме/те

Плановите за викендашко надополнување на дефицитот отспиени часови можат само сметководствено да завршат работа па на крај на недела да имате доволен број часови во сон, ама од тоа нема вистински ќар. Повеќе

Смртоносната комбинација на идиоти родители со расипани луѓе

13-годишно дете со тип-1 дијабетес умира откако неговите родители го носат на хербалист (тревкар), кој му го укинува инсулинот и му препишува масло од лаванда што родителите требало да му го мачкаат по 'рбетот. Наодот на судскиот вештак покажува дека детето ќе останело живо ако добиело соодветна докторска нега. Повеќе

Француски извоз на сипаници како во добрите колонизаторски времиња

Француско семејство оди на годишен одмор на Костарика и тоа во состав татко, мајка, деца и сипаници. До тогаш Костарика тера серија без ниту еден случај на сипаници од 2014. Повеќе

Тост полн ПМ честички

Изгорен тост може да ги изложи луѓето на повеќе загаден воздух отколку ако стојат на улица сред сообраќајна гужва. Ништо полесно не се минува ни со печењето месо. Повеќе

Пијте што ви се пие само немој да се лажете дека е здраво

Иако нема човек што се налева со жесток (или помалку жесток) алкохол и утре дента ќе помисли - ова мора да е здраво за мене; приказната е многу поинаква кај луѓето кои самоуверено се закачени на лајт или без шеќер газирани пијалаци. Повеќе