Занимливости

Разбивање на вечната летна измама

Сето ова време, цела хотелска индустрија (и слична фела) да не лажела дека постои хемикалија што ја претвора водата во базените во друга боја кога ќе мочаш во нејзе. Е па, не постои. Повеќе

Почнавме ли да заглупуваме?

Иако општите трендови досега покажуваа стабилен раст на квоциентот на интелигенција, сега се јавуваат обратни трендови. Некои скандинавски земји паѓаат уште од 90-тите години. Повеќе

Наскоро ќе снема темјан. Боже мој.

Мирисот кој ноздрвите ни го познаваат од црковните служби доаѓа од вид на дрвотo Босвелиа кое расте во Африка и Индија. Се предвидува дека бројот на дрвата Boswelia ќе опадне на 50% во следните 15 години. Повеќе

Дали може да се натераш нешто да заборавиш?

Убаво си вика песната - „заборави, ако можеш“. Епа, можеш ли? Повеќе

Човештвото го положи тестот „најдов новчаник, што да правам“?

Секој си знае за себе што би правел доколку најде нечиј изгубен новчаник но група економисти решиле да искушат поголема група во еден масовен социјален експеримент со 17.000 „изгубени“ паричници во 40 земји во светот. Повеќе

Треба Шазам за бебешки плач?

Секој кој пораснал деца, или кој во моментов поминува низ таа фаза, знае што значи бебето да ти плаче а ти да немаш појма што му е. Досега имаше две опции: да дијагностицираш дека или му се јаде или му се спие или пак да прибегнеш кон старата мудрост „остај го, ќе преплаче“. Сега се најавува нова можност - плачот да се преведе. Повеќе

Градот кој на 14 јули ќе биде прскан

Ние против комарци не успеваме да испрскаме а некаде по светов прскаат против Ѓаволот. Да не знае човек кој е поназад. Повеќе

Зошто Чернобил не ги потепа растенијата?

Човек или животно ќе избега од таму. Или ќе бидат избркани. Бидејќи во својот софтвер ја немаат таа опција, растенијата имаат контра стратегии: наместо да се откорнеш од некое место, ти пушташ корени. Повеќе

Норвешки остров сака да го укине времето

Пoтпишале петиција и од централните власти бараат да им се дозволи да бидат првата time-free зона на светот. Онаму каде што сонцето се месеци не заоѓа па со месеци не изгрева, малку значи дали ќе отвориш дуќан во 8 или ќе затвориш кафана во 12 саат. Повеќе

Во Бразил прават царски журки

Минути ја делат како ќе стане мајка. Таа е фенирана и со лакирани нокти а околу неа се 15-тина најблиски луѓе кои гласно навиваат, слават и со мобилни телефони го снимаат моментот кога лекарот со царски рез ќе го извади бебето од неа. Повеќе