Зошто Чернобил не ги потепа растенијата?

Човек или животно ќе избега од таму. Или ќе бидат избркани. Бидејќи во својот софтвер ја немаат таа опција, растенијата имаат контра стратегии: наместо да се откорнеш од некое место, ти пушташ корени.

По хаваријата на која нè потсети ултра гледаната серија на HBO, околу Ченобил беше одредена забранета зона за живеење и движење со површина од 2.600 квадратни километри. Оној живот што остана во таа зона ќе беше многупати убиен ако се работеше за луѓе, цицачи или птици. Но, станува збор за флора, а таа има издржливост и способност за регенерација на сосема друго ниво. Конечно, кога растенијата се појавуваат на оваа планета, Земјата има далеку поголема радијација од денешната, така што, растенијата имаат „историско паметење’ како се преживуваат тешки и озрачени периоди.

Вистина е дека по хаваријата на чернобилскиот реактор, угинаа само најизложените растенија. А дури и во најозрачените делови на зоната, вегетацијата се опоравила за само три години.

На високи дози на радијација, ДНК станува збунета. Пониските дози предизвикуваат мутации во клетките и начинот на кој функционираат па дел од нив стануваат канцерогени. Кај животните тоа најчесто е фатално бидејќи нивните клетки и системи се високо специјализирани и нефлексибилни. Секој орган има своја функција и не може да биде заменет со друг.

Кај растенијата е поинаку. Тие се развиваат на многу пооргански и пофлексибилен начин. Бидејќи не можат да се движат, мора попатно да се адаптираат на условите кои ги снашле. Наместо со својата дефинирана структура како животните, за да преживеат, тие компензираат: растат повисoко или пак пуштаат подлабоки корени, во зависност од хемиските сигнали кои ги добиваат од таканаречениот “wood wide web”, односно параметрите кои се однесуваат на светлината, температурата, водата и хранливоста на условите.

Една од клучните разлики е и што за разлика од ќелиите на животните, растенијата можат да растат клетки какви што им требаат. На тоа се темели целото калемење и пресадување, кога растат корени од нешто што некогаш било лист или гранка.

Иако радијацијата и другите ДНК оштетувања можат да предизвикаат тумори кај растенијата, мутираните ќелии генерално не можат да се шират од еден во други делови на растението благодарејќи на ригидните ѕидови на самите клетки. На тој начин, растението лесно ги заобиколува заболените клетки.

Она што е најфасцинантно во приказната е поуката дека ниедна природна катастрофа (како радијација) не може да биде фатална за растителниот свет како што е човекот. Експертите се согласуваат дека околината на Чернобил се има опоравено толку брзо и ефикасно само затоа што во меѓувреме таму немало луѓе кои ќе ја уништуваат.

 

24 јуни 2019 - 09:43