Зошто апаратите не траат како порано?

Многу е веројатно дека ако дома имате апарат за домаќинство што сте го купиле пред 30 или 40 години, тој сè уште работи. Или дека ако пред некоја година сте решиле да го замените со нов, досега сто пати сте се покајале.

Рокот на траење на апаратите кои ги поседуваме е најголемата жртва на желбата тие да се продаваат повеќе. За да се продаваат повеќе, треба да бидат подостапни. Тоа значи поевтини, а тоа значи пошкарт.

За само една деценија, просечниот рок на една машина за перење алишта е намален за 3 години, утврдила британската асоцијација за трговија со бела техника, поврзувајќи го тој пад со падот на цените.

Втора причина за нашето лесно заменување на производите со нови е онлајн купувањето, кое го раскина традиционалниот однос на муштеријата со локалните сервиси.

Од еден таков сервис кој има традиција од 1927-ма година велат дека луѓето прерано ги фрлаат производите кои им се расипале.

Девет од десет веш машини и една третина од рамните телевизори кои се фрлаат можат да бидат поправени и да работат како нови, велат сервисерите.

Зошто толку лесно се навикнавме да се ослободуваме од постоечките апарати?

Велат, заради смарт телефоните. Тие нè навикнаа на нови верзии и нови функционалности секоја година па оттука и нашето општо очекување за трајноста на некој производ е помалку амбициозно.

6 мај 2014 - 08:43