Заобиколувајте ги оние тајфуни што сушат раце

Досега човештвото не покажало потреба па затоа и не бил измислен апарат за распрснување бактерии и вуруси. Но, модерните тајфуни за сушење раце од јавните вецеа прилично добро ја обавуваат таа функција.

Постои долгогодишно ривалство меѓу модерните сушачи за раце предводени од гигантскиот производител Дајсон и аналогните (читај: хартиени) средства за истата цел.

Последното научно одмерување на бенефитите, објавено во Журналот за применета микробиологија, им оди на прилог на вториве. Истражувачите го утврдувале дисперзирањето на бактериите и вирусите кај трите методи за сушење раце: хартија, стандардните фенови со топол воздух и модерните џет-сушачи.

Колку и да се ефикасни а изгледот супериорно допадлив, последниве шират организми кои можат да создаваат колонии дури 1.300 пати повеќе од старата добра хартија. А во споредбата со феновите, расрпрснуваат 60 пати повеќе. 

Претставник на Дајсон одговори дека произведувачите на тоалетна хартија последниве 4 години упорно досаѓаат со вакви квази истражувања.

Највознемирувачките разултати се однесуваат на добацот: џет тајфуните можат да го распрснат вирусот дури  3 метри, феновите 75 сантиметри а просекот на хартијата изнесува 25 сантиметри.

Значи, ако ги забоколувате, правете го тоа во широк лак.

15 мај 2016 - 11:33