За родителите на кои децата им се сè во животот

"Родителот е среќен онолку колку што е среќно неговото најнесреќно дете".

Американски психолози се заинтересирале за прашањето како да се биде добар родител и среќен човек и како овие два императива се прекршуваат кај различни карактери на луѓе.

Темата не е нова и постојат студии за оние родители кои својот живот го моделират според потребите на своите деца. Таквиот став е наречен child-centrism и се однесува на еден тип модерно родителство во кое единствен центар на внимание околу кои се организира својот живот е доброто на своите деца. 

Било изведено двофазно истражување на различни типови родители. Било установено дека родителите кај кои децата се на прво место добиваат многу повеќе позитивен фидбек за себе од родителствувањето. Но, само додека се грижат за децата. Во случаите кога тоа не мора да го прават, нивото на сопствена среќа им опаѓа.

Се заклучува дека ставањето на децата во центарот на својот живот некогаш е непотребно жртвување на сопствената среќа. И дека од друга страна, самопожртвуваноста на некои луѓе сепак им ја дава смислата на тоа што се родители. Останува науката да допрецизира како културните фактори влијаат врз вака изведените општи закономерности.

6 ноември 2013 - 13:05