Студија го потврди слоганот „ти не си ти кога си гладен“

На човек најпаметно му е на празен стомак да не носи никаква одлука, освен онаа што да јаде. Во другите случаи покажува глупоќа, таканаречен „глупост на празниот стомак синдром“, кој се состои од тоа што се задоволуваш со помали награди, само ако ги добиеш брзо.

Студијата изведена од луѓе од Универзитет во Данди сугерира дека гладот влијае врз нашите одлуки кои не се поврзани со храна. Во конретниот случај, учесници кои биле гладни 10 часа одбирале да добијат помслку бесплатна музика од оние кои имаат јадено, само ако таа награда им биде дадена брзо.

Ама музиката не се јаде? Токму тоа е поентата. Вообичаено, кога на луѓе ќе им дадеш да бираат меѓу награда Икс која би ја добиле веднаш и двојно поголема награда од тоа ако почекаат, типично се подготвени да чекаат 35 дена. Кај гладни луѓе тоа трпение паѓа на само три дена.

„Да речеме дека се советувате со човек за вашиот план за пензиско осигурување. Ако сте гладен, можно е да одберете опција која ќе ви личи како побрза награда и да пропуштите опција која во себе носи поудобни пензионерски денови,“ вели професорот Бенџамин Винсент.

Студијата се надоврзува на една слична од 2011 година, на луѓе задолжени да решаваат молби за помилувања. Најблагонаклони одлуки се донесувале после појадокот и после ручекот а најгладните судии биле најмалку спремни на попуштање.

19 септември 2019 - 10:54