Роди ме мајко згодна и фрли ме во чешка електрана?

Раководството на нуклеарна електрана од Чешка ја смогна сета своја мудрост за да дојде до најдобрата ЕјчАр идеја последниве десетина години: која кандидатка за приправник ќе победи на изборот за убавица, таа ќе ја добие позицијата.

Идните приправнички биле фотографирани во оскудна облека и заштитни капи на разни локации низ електраната, а заради транспарентност победничката е одредена преку гласање на Фејсбук.

Имало пријавено 10 кандидатки, а од компанијата објаснуваат дека девојките уживале во искуството.

Сето ова завршува со критики, како на Фејсбук така и во живо, од кои најголем дел се однесувале на малтретирањето и понижувањето на девојките од страна на компанијата. Дел од јавноста се интересирала и зошто не им било дозволено и на машки да аплицираат.

Откако се прави целата галама околу изборот, од електраната издадоа извинување за неговото организирање, и сите 10 девојки ги прогласија за победнички. Нивното оправдување е дека целата на изборот била да се "промовира образованието во техничката струка"

27 јуни 2017 - 11:42