Плаво око за 20 секунди

Американски очен хирург нуди ласерски третман кој кафените очи ги претвора во сини. Кога колегите предупредиле дека може да им го сјебе видот на пациентите, го преселил бизнисот во Мексико. Единствената работа која може да попречи му е името.

музичка илустрација:

Ласерскиот третман на доктор Грег Хомер (Хомер бе!) трае само 20 секунди и трајно ги менува боите на очите во саканата RGB комбинација.

Експерти предупредуваат дека процедурата може да го оштети видот бидејќи пигментот има и заштитна функција па секоја промена може да влијае врз количеството светлина кое влегува во окото.

Доктор Хомер (Хомер бе!), кој заради ваквите "подметнувања" ја преселил ординацијата во Мексико тврди дека неговиот ласер влијае само врз најтенкиот површински слој, па, нема гајле.

Финтата ја навежбал на кадавери (лешеви) по што се осмелил и на 17 доброволци со проблеми во видот на кои им понудил бесплатно вградување леќи кои потпишале дека сакаат и промена на бојата.

Тврди дека досега немало никакви несакани последици.

Третманот трае само 20 секунди а дур тоа све се исуши и добие вистинска боја, не минуваат повеќе од три недели.

Истражувањата велат дека 17 проценти од Американците би ја промениле бојата на очите доколку за тоа постои безбеден метод.

Но, плавото си бара и многу зелено: Хомер (Хомер бе!) планира да наплаќа 5.000 долари по третман.

16 мај 2012 - 12:23