Ова е просечното машко тело

Нејќеме да расипеме ничии соништа но јавето изгледа вака. Првиот е Американец, вториот Јапонец, третиот Холанѓанин а последниот Французин. Идеални само по тоа што се совршено просечни.

Ова подолу е "Тод", аватарот на просечниот Американец изработен врз основа на антропометриски податоци на машката популација во САД. На возрaст е меѓу 30 и 39 години, со индекс на телесна маса 29 а висок 176 сантиметри.

За да не биде сам, на Тод му ги создале неговите идеално просечни браќа од други три земји, кои имаат нешто подобар BMI - 23.7, 25.2, и 25.6.

Со текот на годините, Американците не само што добивале на тежина туку губеле во висина. Цели два века, се до пред 60-тина години биле највисоките мажи на светот (Масаите и слични племиња се вон конкуренција) а сега се пониски од Холанѓаните чија просечна метража е 183 сантиметра. На висина добиле и Јапонците што се толкува како резултат на исхраната и секојдневните навики.

 

 

11 октомври 2013 - 15:45