Осум работи што се забранети во САД а не се оружје

Во многу американски сојузни држави, вклучително и во Невада во која се случи најмасовниот отстрел на недолжни цивили по убивањата Индијанци, не е потребна дозвола за набавка на оружје, ниту лиценца, ниту треба некому да го пријавиш оружјето ниту пак е лимитирано колку парчиња можеш да имаш. Ама затоа....

КИНДЕР ЈАЈЦА

Остатокот од светот слободно ужива во чоколадните јајца со играчки во нив но Американската агенција за храна и лекови го има забрането нивниот увоз во САД бидејќи содржат мали делчиња од кои деца може да се задушат. 

КАУРМА

Истата агенција ја има забрането и популарната шкотска верзија на каурмата. Спорно им е што содржи дробови од овца.

ПЕРКИ ОД АЈКУЛА

Забраната ја потпиша Бил Клинтон уште во 2000 година. Во САД не може да се внесат перки без остатокот од ајкулата.

НАЈЏЕЛА ЛОСОН

На познатата британска готвачка ѝ беше забрането да се качи во авион на Бритиш Ервејз со дестинација САД откако таа јавно призна дека користи наркотици. Подоцна забраната беше дигната заради подготовки на емисијата The Taste.

БРАДАВИЦИ

Филмскиот постер за Син сити 2 со Ева Грин бил забранет заради проценката дека е премногу провокативен.

РЕЧНИЦИ

Десеттото издание на речникот Меријам- Вебстер во 2010 година беше отстрането од училниците во јужна Калифорнија по полаки на родители дека децата таму можеле да прочитаат дефиниција за „орален секс“.

ДОЛГИ БИНГО ИГРИ

Во Северна Каролина бингото не може да трае повеќе од пет часа освен ако не се одржува на сае. Зошто? Државата си знае зошто.

АЈС БАКЕТ ПРЕДИЗВИЦИ

Американскиот Стејт департмент им забрани на своите дипломати да прават ајс бакет, вирално раширениот предизвик за зголемување на свесноста за болеста на моторните неврони АСЛ. Спроед заменик портпаролот, јавни службеници од рангот на амасадори не смеат да учествуваат во такви приватни активности без разлика колку е вредна каузата што стои зад нив.

****

 

5 октомври 2017 - 12:30