Нова вера, нова дигитал Библија

Американците повеќе им веруваат на Амазон и на Гугл отколку на својата влада, полицијата, наставниците и науката. Кој не верува, нека провери на Гугл или нека го нарача истражувањето на Амазон.

Во последното истражување „Брендови на кои најмногу им се верува 2020“, 16.700 граѓани на САД биле прашани за мислење за 30-тин најпознати компании, државни институции и други познати брендови.

Најмногу Американци, околу 50 проценти, највеќе му веруваат на својот семеен лекар. На второ место е војската со 44% доверба. Две дигитални компании - Амазон и Гугл - го заземаат третото и четвртото место со 39%, односно 38% доверба Тие две компании освојиле поголема доверба на граѓаните од предупредувањата за климатските промени (36%), наставниците (35%), полицијата (30%), научните истражувања (26%), претседателот Доналд Трамп (20%), капитализмот (14%), медиумите (8%), американската влада (7%) и Вол Стрит (5%).

Најмала доверба меѓу Американците ужива Холивуд со само 4%.

Меѓу повозрaсните граѓани, оние родени пред 1964 година, најголема доверба од поединичните компании уживаат американските пошти.

16 јануари 2020 - 10:27