Нит вонземјани ќе дојдат, нит ние ќе им одиме

- Кај се, што не доаѓаат? - со векови се прашуваат луѓе во недостаток на недвосмислени докази дека нашата планета е, или била посетена од вонземјани. Една нова хипотеза дава можен одговор кој не е баш охрабрувачки. 

Хипотезата сугерира дека, како што цивилизации растат во обем и технолошки развој, тие на крајот достигнуваат една критична точка кога иновациите повеќе не можат да држат чекор со побарувачката на енергија. Она што следува е колапс.

Единствениот алтернативен пат е да се отфрли моделот на „бескраен раст“ во корист на одржување на рамнотежа, но по цена на способноста на таа цивилизација да се шири низ вселената.

Образложението се обидува да најде решение за парадоксот на Ферми, кој се однесува на противречноста помеѓу огромниот опсег и старост на универзумот - две работи кои сугерираат дека универзумот треба да преполни со напреден вонземски живот - и недостаток на докази дека вонземјани постојат некаде на повидок.

„Па каде се бе сите?“, му текнало на Нобеловецот за време на еден ручек.

Одговорот на двајца астробиолози е дека цивилизациите во нивниот напредок или прегоруваат или пак доаѓаат до хомеостаза, состојба кога вселенското ширење веќе не е посакувана цел.

Мајкл Вонг и Стјуарт Бартлет дошле до својата хипотеза преку студии за „суперлинеарниот“ раст на градовите. Тие сугерираат дека градовите се зголемуваат во големината и потрошувачката на енергија со експоненцијална стапка како што расте нивното население, што неизбежно води до критични точки по кои следуваат брзи падови и колапс.

„Ние претпоставуваме дека штом една планетарна цивилизација ќе премине во состојба која може да се опише како виртуелно поврзан глобален град, таа ќе се соочи со „асимптотско прегорување“, финална криза во која иновациите не можат да ги опфатат сите предизвици “, велат тие.

24 мај 2022 - 12:44