Мистер Шкрга

Ај ние што пушиме Филтер 57 па се давиме без воздух и кога плакнеме лице ама не зезајте - под вода, без дишење, 18 минути???

35 годишниот Германец Том Сиетас поставил нов светски рекорд во недишење под вода - 18 минути и 16 секунди.

Во дуел со Бразилецот Рикардо Бахиа кој своевремено беше светски рекордер во оваа дисиплина, Том Сиетас постигнал нов резултат за Гинис, соборувајќи го својот личен рекорд од 17 минути и 28 секунди постигнат во Мадрид пред две години.

Натпреварот бил организиран во Чангша, Кина, каде двајцата "недишачи" истовремено влегле во своите транспарентни базени.

Температурата на водата постојано била покачувана, од 5 степени на почетокот до 40 целзиуса при крајот на нивниот престој во водата.

За Сиетас се знае дека е легенда во оваа дисциплина наречена апнеа, дека има 20 проценти поголеми бели дробови од луѓе на негова висина и дека со ова се занимава веќе 12 години.

Пред натпреварите нe јаде 5 часа за да го забави метаболизмот а непосредно пред влегувањето во вода дише концентриран кислород.

Се работи за исклучително опасна дисциплина во која се можни фатални исходи. На такви случаи обично им претходи тнр "самба ефект" кога заради недостаток на кислород во мозокот човек почнува да се тресе како да игра, по што главно следува тотален колапс на организмот.

5 јуни 2012 - 22:44