Лото не е за копиљаци

Најмладата британска добитничка на главната добивка на европската лотарија вели дека планира да ги тужи организaторите на играта. Ѝ го упропастиле животот што дозволиле да има толку пари на млади години. Плачеме.

„Мислев дека животот ќе ми биде 10 пати подобар а ми стана 10 пати полош. Посакувам да немам скршена пара деновиве,“ вели Џејн Парк која на 17-годишна возраст освои еден милион фунти

Сега има 21 година и тврди дека животот ѝ е уништен, се чувствува осамено и одвоено од својата генерација. Многу полошо од времето кога работела за 8 фунти на час и живеела со мајка ѝ во мало станче во Единбург.  Заради сето тоа најавува тужба против државната лотарија на основа на својата проценка дека не треба да им се дозволува на лица помлади од 18 години да учествуваат во игри на среќа. Важечката возрасна граница во Британија е 16 години.

А организаторот дури и понудил и финансиска логистика околу премијата но Џејн и од тоа не е задоволна.

„Морав да слушам некоја финансиски експерт кој ми зборуваше за работи како што се инвестициони обврзници. Ништо не разбирав“.

Се разбира, може да ги донира парите во некоја благородна кауза, финансиски да се ресетира и да брка работа. Ама не. Ќе тужела. И што, ќе бара пари?

13 февруари 2017 - 10:21