Колку крава има во производите што ги користите?

По бројките на американската Национална асоцијација на сточари, околу 60% од кравата (говедото) се користат за храна, останатите 40% завршуваат на најразлични места од кармини до керозин.

Маста (салото) од кравата кое нема да заврши кај месар се топи и се претвора во лој. Заради неговите карактеристики и конзистентност тој се користи во се од креми за тело, до козметика, сапуни и паста за заби.

Од производи кои не треба да се во допир со тело истата оваа маст се употребува во антифриз, течност за кочници и гориво за авионски мотори, а се тестира и како биогориво за некои од авионите на американските воздушни сили (во многу рана фаза).

Во медицинската индустрија се искористува инсулинот произведен од панкреасот на кравата, заради неговата речиси идентичност со човечкиот инсулин. Потоа, надбубрежната жлезда се користи за создавање на одредени стероиди, а ’рскавицата за создавање лекови за луѓе што страдаат од остсоартрит.

Колагенот кој се користи за подмладување на лицето се добива од кожата на кравата, слично како и желатинот, без разлика дали за пластични операции или за гумени бомбони, кој се добива со зовривање на коските и кожата на говедото.

Годишно во САД се колат околу 30 милиони говеда.

1 ноември 2017 - 20:53