Ќотекот е излезен од јазикот

Ако им спомнете тепање на децата, повеќето родители од прва ќе ви речат дека се против физичко казнување. Но, ако им понудите некоја поблага терминолошка алтернатива (на пример, плескање по газето), нивната педагошка палета веќе станува „поинклузивна“.

Јазнчките нијанси и еуфемизмите влијаат на односот на родителите кон физичкото казнување на децата, гласи заклучокот на студијата Психологијата на насилството, неодамна објавена во еден угледен магазин за психологија.

На 672 родитела им биле понудени неколку кратки приказни за ситуации меѓу мајка и пет годишен кои се разликувале главно по описот на реакцијата на мајката на некоја сторена беља на малиот.

Било утврдено дека во перцепцијата и оценката на нејзината реакција битна улога имал употребениот опис, односно дали нејзината казна била опишана како тепање, или удирање или шлапнување или потплеснување. 

Бидејќи психолозите инсистираат на ставот дека секое физичко казнување е и неефикасно и психолошки штетно за децата, авторите на студијата предлагаат од официјалните психолошки лексикони да биде исфрлен зборот плескање (како маскирна а општествено прифатлива казна) и да се замени со терминот напад.

Бидејќи, потсетуваат тие, и еуфемизмите знаат да болат.