Канада реши битна правна дилема и сега може да здивне

Кога извесна Бела Косоан во 2009 година се качила на ескалатор на подземнастаница во едно место во Квебек, не ни сонувала дека влегува во правна битка која ќе трае 10 години.

Косоан била уапсена откако полицаец ја советувал, додека е на ескалаторот, да се држи за тоа гумата како што било препорачано на знакот покрај подвижните скали. Таа рекла дека баш и не мора да се држи по што и одбила да се идентификува бидејќи не сторила никакво дело.

Сосема доволно за полицаецот да ѝ стави лисици на рацете додека ги претресува нејзините работи (што траело половина час) по што и врачил казни од 315 долари, за непочитување знаци и полициски упатства. Три години подоцна била ослободена од обвиненијата но поднела барање за отштета од 34.000 долари кое било одбиено од од судот и апелацијата во Квебек.

Косоан не се откажала па случајот дошол до Врховниот суд на Канада кој застанал на нејзина страна.

„Бесправно лишување од слобода, колку и тоа малку да трае, не може да стане вообичаена нелагодност која граѓаните треба да ја прифатат и со неа да се помират,“ гласи нивната одлука во која се цени дека безбедносниот пиктограм покрај ескалаторот „Држете се за оградата“ не е мандаторен и не може да ги принудува граѓаните да ги почитуваат неговите инструкции.

Градот ќе треба на Косоан да ѝ плати отштета од 15,000 долари по што таа изјавила дека „врескала од среќа кога ја слушнала пресудата,“ бидејќи знаела дека „принципиелно е во право“ и дека „е среќна што Канаѓаните сега можат послободно да дишат“.

30 ноември 2019 - 20:23