Давид има остеопороза

Не дека е млад ама стварно е греота ако потклекне. Давид во Фиренца мака мачи со своите ножни зглобови, особено со левиот. А и како да нема мака кога е онолку тежок а по цели денови е на нога.

Веројатно најпознатата скулптура на светот, Давид на Микеланџело, е на пат пред очи да ни се распадне. Ова е дијагнозата од педантното истражување на експерти за уметничко здравје кои утврдиле слабости во неговите нозе и зглобови.

Давид е роден во раниот 16-ти век и моментално е вдомен во Академската галерија во Фиренца. Проблемот е што се најдени сериозни микро-пукнатини во неговите како мермер силни нозе. Особено проблематична е левата нога и ножниот зглоб на кои се потпира поголемиот дел од неговите 5, 5 тони. Пукнатини има и во "пенушката" која служи за засилување на неговата статика.

Здравствените проблеми на денешниот Давид главно се должат на лафстајлот од неговата младост. Имено, пред да биде префрлен во Галеријата во 1873-та година, тој цели три века кмиши надвор, на Пјаца дела Сињора. Погубни биле не временските хирови туку  константните вибрации предизвикани од движењата на луѓето кои масовно доаѓале да го видат.

Не џабе викаат, кога си млад, не осеќаш.

4 мај 2014 - 06:57