Брачната двојка која го ошури Гугл за 2,1 милијарда долари

Направиле сајт и сфатиле дека Гугл нефер ги третира во пребарувањата. Бидејќи на сајтот и онака му одело добро, решиле да го тужат гигантот за нефер гуглање. По нив се налепија и други.

Адам (51) и Шивон (49) Рафт се маж и жена од Беркшир кои пред повеќе од десет години ги напуштиле своите работни места и отвориле свој веб сајт (Foundem), наменет за споредување на цени на различни артикли. Да, Гугл има сличен сервис кој на почетокот се викаше Фругл за подоцна да се неутрализира со името “Google Product Search“.

На Рафтови брзо им станало јасно дека пребарувачот го пика нивниот сајт во длабочините и не го дава во резултати на пребарувањата освен ако не се бара самото име на сајтот. Неколкукратните поплаки до Гугл не вродиле плод. Па сепак, во 2008 година, нивниот сајт е прогласен за најдобар во таа категорија на британскиот Канал 5.

Верувале дека ова ќе ја исправи неправдата и дека Гугл ќе почне да го третира нивниот сајт како релевантен но тоа не с случило. Па решиле да тргнат во војна.

„Тоа беше момент кога си рековме „кој ги ебе“. Гугл се силеџиии, ова е погрешно и има да ги добиеме“, вели Шивон.

После една година упорни поплаки, Гугл попуштил и ги вметнал на „белата листа“ што веднаш предизвикало пораст на нивниот сообраќај за 10.000 проценти.

Но бидејќи предолго биле сведоци како Гугл ја гуши конкуренцијата фаворизирајќи го својот сервис, решиле случајот да го однесат пред Европската комисија за конкурентност во Брисел. Тие се првите кои тужеле а на случајот се надоврзале и Јелп, ТрипАдвајзор, Експедија и Дојче Телеком.

Конечно, првиот човек на комисијата Маргрет Вестаге донесува решение по кое Гугл ја злаоупотребил својата пазарна доминантност и го репнува технолошкиот гигант со отштета од 2,1 милијарда долари.

После 11 годишна битка, двојката вели дека не славеле но дека битката вредела да се води. Сепак, Гугл ја има обжалено одлуката на комисијата и веројатно ќе бидат потребни години овој случај целосно да биде разрешен.

20 февруари 2018 - 16:47