Англиска јагма по ирски пасоши

Слично како во случајот со Македонците и бугарските пасоши, после Брегзит многу Англичани одеднаш се сетија на своите ирски корени и фатија да ги бараат изводите за раѓање на своите баби и пра-дедовци. Тролање од Гардијан.

Побарувачката на ирски пасоши после Брегзит во Велика Британија е зголемена за 50%.

Дали си еден од 100.000 британски среќници кои го имаат тој пасош? Дали очајнички сакаш да се вклопиш во таа група? Еве го мојот водич како да бидете автентично ирски (во никакви околности не се обидувајте да го скинете ирскиот акцент, инаку можете да завршите вака“), вели сценаристката и комичарка Мери Бурк во упатството.

Да ви е јасно за Галвеј грл и да не верувате дека тоа е како во спотот на британскиот шупак Ед Ширан кој е културолошки апаш (на таа тема имате и овде), а и нема шипки на Графтон стрит.

Да сте махер за Флен О' Брајан, напамет да знаете да ја рецитирате The Workman’s Friend и со сјај во очите да го кажувате стихот “A pint of plain is your only man”. 

Да го научите поттекстот. Кога ќе побарате нешто од Ирец а тој ќе ви одговори “I will, yeah” тоа е негов учтив начин да ве одбие. Ирците никогаш не го кажуваат тоа што го мислат бидејќи имаат потреба од еластична мембрана од еуфемизми меѓу нив и вистината. Тоа не е лажење, тоа се вика шармантност. Истиот принцип важи за зборот “grand” кој во секоја комуникација со Ирец мора да биде употребен барем еднаш. Но, тој не значи “amazing” или “stunning”. Значи „фино“, “ок“, „ќе заврши работа“.

Научи го јазикот. Ирскиот е радосен јазик. Се добива така што се вади досадното и баналното и се попрскува со магија и поезија. Како може да не се сака јазик во кој за ескалатор викаат “staighre beo” што всушност значи „живи скали“?

Дери е, не е Лондондери.

Смени си го името. Зошто не би земале нешто од келтската митологија, како на пример Кардал, Каим, Оисин, Ниам или Граин? Да, поголемиот дел од својот возрасен живот ќе го минете објаснувајќи им на своите британски пријатели дека Каим звучи како “Queeve” а Ниам како “Neeve”. Да не ја заборавиме и забавната фонетика кога ќе се објаснувате со збунетите дечки од некој кол центар сместен во Манила.

Научи го штосот со чајот. Добивањето шоља чај е игра на заведување и треба прецизно да ја разбираш процедурата. Ќе бидеш трипати прашан за чај. Твое е да одбиеш два пати а да прифатиш третиот пат. Никогаш не прифаќај од прва. Тоа те прави нетрпелив и лаком. И уште полошо, тоа те прави Британец.

21 јули 2017 - 20:50