Ако ви се бега од оваа планета а се надевате на друштво

Научници од универзитетот во Порто Рико изготвија каталог на планети надвор нашиот сончев систем кои се потенцијално вселиви и погодни за живот. На нивното мени моментално има 32 планети.

Под потенцијално вселиви планети се подразбираат планети кои кружат околу својата ѕвезда и во себе имаат потенцијал да одржуваат некаква форма на живот, се разбира живот каков што ние го знаеме и подразбираме. Тоа може да важи за едноставни микроорганизми па до растенија или животни. 

Во Каталогот на потенцијално вселиви егзопланети има 32 вакви небески тела кои одговараат на критериумите. Како што видовме во филмот Марсовец, тоа што некое место изгледа потенцијално погодно за живот, не значи и дека е такво. Од друга страна, нашата актуелна технологија не дозволува да провериме огромен број карактеристики кои се потребни за создавање живот. 

Во случајов проценките се направени врз само неколку параметри, од типот на орбитата односно оддалеченоста од ѕвездата околу која вртат (ако се преблиску ќе биде жешко, ако се предалеку ќе биде кочан) и нивната големина.

Повеќето од овие 32 места за потенцијален егзил се поголеми од Земјата. 21 планета спаѓаат во категоријата Superterran – што значи дека нивната маса е меѓу 5 и 10 пати поголема од Земјината. Останатите 11 се приближно исти колку нашата матична планета а во понудата нема помали. А и што ќе ни се такви, кога ние и она оваа се гужваме.

Најблиската е оддалечена од нас "само" 12 светлосни години додека за до Kepler-443b на светлината би ѝ требале 2.500 години да стигне дотаму. А со реиз би било уште побавно.

22 април 2016 - 08:32