За 10 години човек од Хелсинки ќе нема потреба од свој автомобил

Доколку градот успее да го оствари својот план, до 2025-та година Во Хелсинки би требало да заживее системот 'мобилност на барање' кој целосно би ја укинал потребата на граѓаните да поседуваат автомобил.

Системот ќе ги интегрира сите облици на јавен превоз во една сообраќајна мрежа на која би ѝ се пристапувало во реално време преку паметни телефони.

"На младите денес им е важно превозот да биде достапен и поволен, автомобилот веќе не е статусен симбол", вели инжињерката за сообраќај Соња Хеикила чиј магистерски труд бил инспирација за овој модел.

Траектите, возовите, автобусите, автомобилите, таксијата и моторциклите од градот би биле  поврзани во една апликација а жителите на Хелсинки би можеле да ја одберат најпогодната рута и да платат преку телефон.

Mobility on demand не е нова идеја но досега беше поврзувана со концептот на мали електрични градски возила. Хелсиншкиот модел е иновација бидејќи ја интегрира сета постоечка ергела возила во градот и ја оптимизира во корист на граѓаните.