Новиот Нотр Дам со закон ќе биде копија на стариот, до последен детаљ

Францускиот Сенат го одобри надополнувањето на законот за реставрација на катедралата, и според него на Нотр Дам не смее да се смени ниту еден камен, штица или шајка од она што било негова „последна позната визуелна состојба“ пред пожарот.

Законот за реставрација првично беше пуштен кратко по пожарот, за да наиде на масовни критики од јавноста и од Сенатот затоа што дозволуваше експериментирање со архитектурата на катедралата. Во ревизијата се избриша членот кој дозволуваше да се игнорираат француските закони за заштита на културното наследство.

Па сега материјалите кои ќе бидат користени за реставрацијата ќе мора да бидат идентични како оние што беа уништени во пожарот од 15-ти април. Забелешката на ваквото барање беше дека ќе биде екстремно тешко тоа да се исполни од техничка гледна точка затоа што едноставно во моментов нема доволен број на луѓе што го знаат занаетот и техниките за катедралата да се реставрира на ист начин. Плус, реставрирањето со идентични материјали ќе бара дрво и камен кои во моментов не се достапни во Франција, освен ако не си подготвен да уништуваш важни природни ресурси.

Обновата ќе биде надгледувана од тело основано од министерството за култура, кое на располагање ќе ја има целата архивска документација за изградбата и деталите на катедралата.

Меѓу предлозите што стигнаа за обновата, имаше и ова:

31 мај 2019 - 13:52