Како Руди Џулијани го закрпи Њујорк

Една ревизија по речиси 10 години од заминувањето на Џулијани од позицијата откри дека Њујорк ќе изгуби околу 350 милиони долари заради тоа што властите лошо испреговарале еден договор за недвижности.

Во прашање е договорот со Мериот од 1998-ма. На преговорите со градот, Мериот прво успева за 40 години да го скрати рокот за лизинг на зградата на Тајм Сквер, плус да ја намали цената за кирија и на крај да добие опција да го купи имотот за 20 милиони долари кога лизингот ќе заврши во 2017-та.

Со ова Мериот добива една од најдобрите недвижности во главниот град на светот, со попуст од 173 милиони долари.

Освен ова градот губи и 172 милиони долари од намалувањето на киријата што Мериот ја добива со потпишувањето на договорот со администрацијата на Џулијани.

Од Economic Development Corp. (сектор на локалната власт на Њујорк) кој е обвинет за грешката со Мериот, објаснуваат дека ревизијата многу површно гледа на целата работа.

"Ревизијата не го зема во предвид значењето што Мериот Маркиз го има на Тајм Сквер и на Њујорк. Хотелот вработува повеќе од 1.500 лица, плаќа милиони долари во даноци и играше клучна улога во ревитализацијата на областа."

Сега ништо не е чудно ако актуелниот градоначалник реши да го поништи договорот.

13 февруари 2013 - 17:49