Како градовите ги требат бездомниците

Редовната незаинтересираност за бездомниците месецов беше разбиена со фотографија од Лондон на која празниот простор пред еден влез беше пополнет со железни крампони, чија главна цел беше да го одврати секој бездомник што помислил да го запоседне ќошот.

Како ретко кога интернет галамата помогна во случајот и шилците од пред влезот беа извадени. Она што го знаат малкумина од сите гневни на шилците е дека градовите се преполни со најразлични техники за прогон на бездомници.

Главна карактеристика на секоја од овие техники е што обичен човек, кој го нема проблемот со тоа каде ќе спие вечерта, не ги ни забележува.

Најчест метод на фронтот против бездомниците се клупи што спречуваат спиење. Ова најчесто се прави со додавање прегради или потпирачи за раце на средина од регуларна клупа. Има и клупи кои по дизајн се направени да бидат неудобни за подолго седење. Овие дизајни најчесто се распоредени на клучни точки како паркови, автобуски станици или метро.

Освен борбата со помош на дизајн и архитектура, градовите на располагање ги имаат и законите против скитници, кои им овозможуваат на властите да ги уапсат бездомниците само затоа што се бездомници, односно по основа спиење во јавност или питање. Ова е и една од причините зошто бездомниците толку често ги бираат автобуските како место за спиење, затоа што секогаш го имаат алибито - чекав автобус, објаснува за Атлантик професорот по филозофија на Џорџија Технолошкиот институт, Роберт Росенберг.

20 јуни 2014 - 16:42