Дали би платил 250.000 долари за стан од 18 квадрати?

Зградата е веќе изградена, и е предвидена за луѓе кои се подготвени да живеат во најмалите можни станови на светот. Микро-становите ќе почнат да се продаваат од 26-ти јули, (а покрај тоа како ви изгледа насловот) се меѓу подостапните домови на пазарот. Локација, едно од најнаселените места на светот - Хонгконг.

Има 196 микро-станови, а нивната цена е меѓу 250 и 260 илјади долари (зградата ќе има вкупно 1.071 стан со регуларна големина). Најмалите станови се со површина од 16,5 метри квадратни, во која е вклучена дневна од 9 квадрати, кујна од 1,2 квадрати и купатило од околу 3 квадрати. Цената на микро-становите е околу 14.000 долари за квадрат.

До сега компанијата што ја гради зградата добила 4.200 апликации за купување на 196-те микро-станови. Ова е без тие да можат воопшто да видат и модел на становите што ги купуваат.

Објектот не се наоѓа ниту во близина на центарот на градот, туку е сосема на северната страна, на околу 1 час возење од центарот. Во неговата околина се гробишта, електрана и објект на водовод. Во анализата на понудата, весниците објаснуваат дека овие станови се околу 50% поголеми од просечната затворска келија во градот.

Хонгконг е еден од најгусто населените градови на светот, и затоа што е остров има ограничен ростор за ширење, е и трет на светот по цената на метар квадратен - 20.660 долари / квадрат.

23 јули 2014 - 10:47