Американската амбасада од 1 милијарда долари

Не е на Кале туку е сред Лондон, и со цената од 1 милијарда долари е најскапата амбасада што некогаш била направена. И стварно изгледа како толку пари да имаат потрошено.

Има 12 спрата (барем над земја), а Вашингтон пост ја  опишува како „кристална шеќерна коцка и модернистички музеј кој изразува отвореност и транспарентност“ за разлика од стандардниот бруталистички бункер стил на амбасадите.

Архитектот што ја изработува амбасадата објаснува дека делумно е инспириран од средновековните европски замоци, заради што еден дел од зградата е обиколен од вода. Делот со водата се паѓа да биде баш на единствената страна од плацот на амбасадата што излегува на главна улица.

Предвидено е амбасадата да произведува повеќе електрична енергија отколку што ќе користи со помош на сончевите панели инсталирани на кровот од зградата. Вишокот на електрична енергија доаѓа и од високото ниво на енергетска ефикасност на објектот.

Според архитектот спецификациите што ги добил за изградба на објектот биле на 1000 страници.

16 декември 2017 - 12:45