А што па Скопје да е покусо?

Изморен од десетгодишната битка со локалните власти, Американец од Вермонт подигнал споменик каков што, според него, заслужуваат политичките лидери на тоа место. Него тоа го коштало 4.000 долари а ние како локација би ја мерачеле онаа на крстот на Водно. Ќе нè личи!

Тед Пелки повеќе од десет години не успева да добие дозвола да изгради гаража на место кое го поседува а на кое сака да ја пренесе својата работилница за поправка на камиони и сервис за рециклирање.

Му збоктисало па решил да дигне споменик во форма на еден гигантски среден прст, универзално разбирливиот симбол на западната хемисфера. 

Изработен е од борово дрво, 350 кила, дигнат е на пиедестал за да се гледа оддалеку и прописно осветлен, за да биде видлив и ноќно време.

Делото потпаѓа под категоријата „јавна уметност“ и не подлежи на цензура бидејќи американскиот устав го гарантира правото на изразување на граѓанското мислење и видување. Пелки вика дека кога разбрал дека неговата фак-оф идеја спаѓа во категоријата уметност, тоа било една од најсреќните системски информации кои ги слушнал во последната деценија.

12 декември 2018 - 20:05