Урбан

Берлин ќе забрани возење џипови низ градот?

Откако возач на Порше џип ја изгуби контролата на возилото, се качи на тротоар и уби три возрасни и едно дете, политичарите и јавноста во Берлин побара забрана за возење џипови „што наликуваат на тенкови“. Повеќе

Радарот за кој плачат улиците во Скопје

Во Париз се тестира радар за бука од сообраќај, кој ќе може да идентификува кое возило е претерано бучно и да го казни. Во име на луѓето што живеат покрај „Иво Лола Рибар“ дајте да почнеме да го тестираме барем на мотори после полноќ, пред да почнете да гледате барикади на улица. Повеќе

Со пластика нема излегување на крај, и треба да се помириме со тоа

Јас се откажувам, а веројатно треба и вие, е пораката од велшки активист кој повеќе од 4 години ги организира локалците и сам учествува во расчистување пластика од тамошни брегови. Повеќе

Индонезија ја сели престолнината затоа што старата им тоне

Владата на Идонезија практично дигна раце од Џакарта и реши сите свои служби и институции да ги пресели на еден помалку населен остров на Борнео. Ќе кошта многу ама барем ќе бидат на суво. Повеќе

Детски песни како репелент за клошари

Бездомници удриле мерак на едно плоштадче во Флорида на кое се прославуваат свадби и други граѓански настани. После неколку безуспешни обиди да ги дислоцираат од просторт кој им носи приходи, локалните власти почнале од звучници да им пуштаат две детски песнички. На рипит. „Неиздржливи се,“ кука еден клошар.  Повеќе

Електричните скутери не се ни приближно еколошки како што ги мислите

Штом нешто се полни на струја (добиена како што се добива струја) и таа струја се складира во батерии (литиумски, ни најмалку еколошки), тоа нешто не може да биде вистински безбедно за околината, без разлика колку го промовираат како такво. И тоа не е најголемиот проблем. Повеќе

Кина го изгради најголемиот аеродром во светот за багатела

Крајната цена на Пекинг Даксинг аеродромот е 9 милијарди фунти, што и не е некоја багатела. Крајната цена само за третата писта на лондонски Хитроу е 14 милијарди фунти, што значи дека пак се враќаме на тоа дека она кинеското е багатела. Повеќе

Како Осло со ново лого заштеди 5 милиони долари годишно

Нормално, прва помисла е: на тие пари, па уште им доаѓа и да штедат, што народ ќе беа. На второ место е: па до толку сè им е средено што на логото стигнаа да шпараат. Повеќе

Новиот Нотр Дам со закон ќе биде копија на стариот, до последен детаљ

Францускиот Сенат го одобри надополнувањето на законот за реставрација на катедралата, и според него на Нотр Дам не смее да се смени ниту еден камен, штица или шајка од она што било негова „последна позната визуелна состојба“ пред пожарот. Повеќе

Банкси им упадна на Биенале со тезга на диво

Неколку дена по отворањето на Уметничкото биенале во Венеција, на плоштадот во главниот град се распостелува див тезгаџија што вади 9 уметнички слики за да ги продава. За некое време доаѓа полиција и го пакува човекот затоа што е без дозвола. Не се знае дали продал нешто. Од вчера се знае дека е Банкси. Повеќе