Студиото за иднината на вестите

СпортсЦентар е главната информативна емисија (Дневник) на спортската телевизија ЕСПН, која до стартот на Мундијалот во Бразил треба да почне да емитува од новото студио, на чие создавање (без застој) се работи веќе 3 години.

Името на новиот објект е DC-2 (Digital Center 2), сместено е во Конектикат и иако летово ќе почне со работа, дел од неговите студија (како тоа за НФЛ) нема да бидат готови до есен.

ЕСПН не ја кажува цената на новиот проект, ама надворешната процена е дека таа се движи околу 125 милиони долари. Од останатите бројки, студиото има 145 дисплеи и околу 1.830 километри оптички кабел. На шоуто (не на студиото) моментално работат вкупно 600 луѓе.

Целта на новото студио е комплетно да се промени начинот на кој спортските вести ќе изгледаат на телевизија. Наместо само да ги коментираат видео снимките од позадина, сега водителите ќе бидат застанати до огромен ѕид од екрани, директно обраќајќи и се на публиката. "Ова е полесен начин да се комуницира. Полесно е за гледачите да развијат врска со нив наместо само да го слушаат нивниот глас."

"По започнувањето на пробата од зад водителската маса, Сторм и Неганди (водителката и водителот) ја демонстрираат новата кореографија на шоуто, во која се нон-стоп во движење. Прво, Сторм стои до мониторот покажувајќи ги најважните моменти од натпреварот Хит - Нетс. Потоа, Неганди седи пред неверојатната панорамска слика од Портланд, анализирајќи го поразот на Треилблејзерс од Спарси. По ова Сторм, стоејќи над писта од плексиглас, гестикулира пред ѕид од шест монитори околу најновиот млад играч на бејзбол кој се здобил со повреда на раката. Таа ја завршува приказната со поинаков екран, кој покажува листа на сите бејзбол играчи кои сезонава имале повреда на раката," пишува Чак Слатер за својата посета на новото студио.

СпортсЦентар е шоуто околу кое се врти целата програма на ЕСПН. Пред 10 години тоа се емитува 3 пати на ден, денес тоа речиси нон-стоп се емитува - 16 часа на ден во живо.

23 мај 2014 - 15:50