Приказната за Маша, Медо и милијардите рубљи

Официјалниот канал на Маша и Медо е еден од најпосетуваните на Јутјуб, а летово серијата имаше премиера и на Нетфликс. Следно што планираат продуцентите е продавање лиценци на сè од јогурт до играчки.

Компанијата зад Маша и Медо е Анимакорд, е основана во 2008-ма од Дмитри Ловејко и Сергеј Кузмин, другари од студентските денови во Новосибирск Универзитетот. Тие започнуваат соработка со Олег Кузовков, кој ја има идејата за адаптирање на традиционалните руски приказни за Маша и нејзината мечка, на свет со телевизори и мобилни телефони.

За цртањето на ликовите користат софтвер од Пиксар и Аутодеск, а дел е покриен и со софтвер што тие сами го имаат развиено (на пример за водата, крзното на мечката и снегот).

Според нив, продукцијата на една серија чини 50.000 долари од минута, а првите 52 епизоди ги имаат правено цели 7 години. Моментално развиваат уште 26, кои треба да бидат објавени во следните 3 години.

Најпопуларна епизода е Маша + Каша, која само на официјалниот, руски, Јутјуб канал има над 1 милијарда прегледи. Серијата е преведена на 25 јазика, и се емитува во над 100 држави.

Иако Анимакорд не објавуваат официјални бројки, истражувачите од Социал Блејд проценуваат дека Маша и Медвед месечно заработуваат околу 1,5 милиони долари само од реклами на Јутјуб.

На страна од ова е лиценцирањето. Минатата година Фереро во Русија продаде 37 милиони чоколади со ликот на Маша и Медвед, а Даноне 33 милиони лиценцирани јогуртчиња во Украина. Бургер Кинг има детско мени со Маша, а германскиот производител на играчки Симба Дики, претстави плишани играчки од серијалот.

Ловејко очекува дека следната годинава продажбата на лиценцирани производи со нивните ликови ќе порасне за 25%, на околу 300 милиони долари.

4 јануари 2016 - 15:35