Прашања што не заслужуваат еднаквост

БиБиСи одлучи да ја укине својата гостопримливост кон комплетната анти-научна свита, па во иднина тие нема да добијат исто време на телевизија по научни прашања како негирање на климатските промени.

Трустот на БиБиСи (нешто како контролно тело на телевизијата), објави извештај во кој ги критикуваше новинарите на телевизијата дека посветиле преголема минутажа (во смисла, воопшто минутажа) на неквалификувани луѓе со "маргинални погледи," за неспорни теми, во својот обид да обезбедат уреднички баланс на телевизијата.

За да ја илустрира апсурдноста на повикување на еден од овие експерти за да го поткопа научниот консензус, во извештајот се истакнува покривањето на Панелот на ОН за климатски промени кој во септември објави извештај дека со 95% сигурност климатските промени се направени од човекот.

"Како што е редот новинарите на БиБиСи контактирале дузина еминентни британски научници, обидувајќи се да најдат некој што ќе има спротивставено мислење на она што е напишано во извештајот. Кога не нашле таков - затоа што 97% од научниците се согласуваат со овој став - тие го контактирале пензионираниот австралиски геолог Боб Картер, кој има врски со Хартланд институтот, инаку сериозно поврзан со индустријата.

Треба да биде јасно, да имаш еден човек кој ќе се спротивставува на консензусот на стотици врвни светски научници, не е 'балансирано известување,' а единствена причина зошто луѓе како Картер продолжуваат да бидат сфатени сериозно е затоа што телевизиските мрежи предлагаат дека тие треба да бидат така сфатени," пишува помошничката уредник на Салун, Линдзи Адамс.

Околу темата за еднаквата застапеност во научните дебати:

7 јули 2014 - 09:51