Се тресеше Нетфликс, се роди Чворовиќ

Прво беа најмалку илјада што од Нетфликс ќе протестираа против шоуто на Дејв Шапел, барајќи да биде симнато од видеотеката на платформата заради навреда на транс-сексуалците. Потоа таа илјадарка спадна на стотина, па на дузина, за на крај целиот настан да се сведе на „има нас Чворовиќа“ како што на својот брат Илија му викаше Ѓуро Чворовиќ во Балкански Шпион.

И ние ја пренесовме бројката од илјада колку што се очекуваше вработени во Нетфликс да демонстрираат „заминување од компанијата“, навредени од новото шоу на Дејв Шапел за кое тие се убедени дека било навредливо за транс-сексуалците.

Не можеше да се игнорира таа цифра (а од наша страна, ни да се провери) бидејќи сите оперираа со неа: Јаху спомна илјадарка односно 10 проценти од вкупниот број вработени во Нетфликс, Холивуд репортер процени „најмалку илјада“, Верџ пишуваше за „секомпаниски протест“, Индипендент покануваше во живо да се следи масовниот настан....

Неколку дена подоцна, илјадарката брзо се раситни па CNN јави дека се очекуваат неколку стотици демонстранти, се оперираше со стотки и непосредно на почетокот на протестот, за потоа да станат „неколку дузина“. На крај, никој и не ја кажа вистинската бројка но очевидци забележаа дека настанот се сведе на едно добро познато меме од Арестед девелопмент.

Не може да не звучи како пародија кога сериозни медиуми како Вашингтон пост ќе излезат со опис „толпа од неколку дузина демонстранти“ кои биле дел од „растечкото движење за заштита на правата на трансџендер лицата“. Се разбира, притоа никој не објасни како едно комично шоу може да биде повреда на „правата на трансџендер лицата“.

Но манипулацијата со бројките е само еден аспект од тажната атмосфера што ја креира медиумската поддршка на разбудените активисти на кансел културата (кај нас еден твитерџија ги опишува како вебинарски пуслици, слободарски фашобрани, образовани слободаши, образована багра, прогресивни штеточини, космички штеточини, подкосовска интелектуала... и сè тоа им стои пасент).

Покривањето на настанот беше севернокорејски едностран, упорно се цитираа само активисти и разбудени твитер персоналитетити и нивните реакции на заебанциите на Шапел кои беа класифицирани како „наводни шеги“ а новинарите не најдоа за потребно ни да ја уточнат бројката ниту пак да ги балансираат жестоките повици за лустрација на Шапел со некој од милионите коментари на мрежите од луѓе кои не мислат така.

Меѓу другото, Шапел редовно беше обвинуван затоа што „го бранел“ раперот ДаБејби во последното шоу.

Колумнистката на Њујорк Тајмс, Роксен Геј, ќе напише:

„Еден од најчудните но и најиндикативни моменти во ‘The Closer’ е кога господинот Шапел го брани раперот ДаБејби кој имаше одвратни хомофобни забелешки“.

Треба да си многу надуван или да минуваш низ некоја психотична епизода за да чуеш „бранење на ДаБејби“ во тоа шоу, забележува Мат Таиби.

Се работи за еден контроверзен настап на раперот кого Шапел го опиша како „најстримуваниот артист до пред некоја недела“ кога тој на присутните во Флорида им кажа: „Ако не пушите кур на паркингот, дигнете тоа телефоните!“

Но тоа е она што ДаБејби го кажа. Шапел во својот стендап во кој „го брани“, го кажа ова:

Не можеш така. Не можеш. Ќе ви ја кажам мојата поента подоцна, но прво сакам да кажам дека малиот направи ужасна грешка. Го признавам тоа. Но, знаете, многумина во ЛГБТ заедницата не ја знаат неговата историја, тој е еден див дечко. Тој еднаш упука црнчуга.... и го уби, во Волмарт. О, да, вистина е, гуглајте. ДаБејби пукаше и уби црнец во Волмарт, во Северна Каролина. Ништо лошо не ѝ се случи на неговата кариера.

Забележувате каде одам со муабетов? Во оваа наша земја, можеш да пукаш и да убиеш црнец, ама моли бога да не повредиш чувства на некој геј!“

Нафиксани бели полицајци, бели адвокати, дебелогази бели конгресмени, бели обвинители кои бацуваат газови на своите бели шефови веќе за никого не се табу. Сите веќе ги мразат таквите ликови. „Шоуто на Шапел гони еден расизам за кој сè уште не ни е дозволено да дискутираме“, пишува Таиби.

„Ќе го скине ли и Шапел одвратната кансел култура во која секој е сенешто навреден?“ се запрашавме во статијата за најава на протестот.

За среќа, изгледа не така лесно.

24 октомври 2021 - 11:44