Шоу биз

Обвинителите се откажаа од обвинението против Кевин Спејси

Единствениот случај кој заврши со официјално обвинение и кривичен прогон на Кевин Спејси за сексуално малтретирање, вчера беше прекинат и повлечен на барање на јавните обвинителите на Масачусетс кои требаа да го тераат случајот. Повеќе

Моби: Од прва лига до гребење дрога по концерти

Наскоро излегува автобиографија на Моби со доста илустративен наслов „И после, тоа се распадна“ во кој музичарот се отвора за својата 10 годишна трезност и како дошол до таква фаза: славата не удира сама во глава, со неа удира и алкохолот и сè друго што следува.   Повеќе

На Џони Ротен му се случува Anarchy In L.A.

Панк иконата тешко се справува со анархијата која владее во Лос Анџелес и кризата со бездомници кои ги зафаќаат и богатите делови на градот.  „Не се заебавајте, јас се одрав од работа да си купам ваква куќа“, вели фронтменот на Секс Пистолс кому клошари почнаа да му дигаат шатори пред врата. Повеќе

Се пензионираше Конор Мекгрегор

30-годишниот поранешен УФЦ шампион на социјалните медиуми објави дека се пензионира од „спортот порано познат како ’мешани боречки вештини’. Повеќе

Смееме ли да го слушаме Мајкл Џексон?

Во време на сталинизмот, оние кои се беа огрешиле, беа бришени од фотографии, од учебници и од архиви, за да се закопа секој спомен на нив. Денес тоа се вика „култура на откажување“ (cancel culture), што е јавен притисок за културен и институционален бојкот на познати лица кои се огрешиле. Ахам, за да се закопа секој спомен на нив. Она што на нашки би се рекло „тој човек за мене веќе не постои“. Само што, постои, постои. Повеќе

Вуди Ален го тужи Амазон за 68 милиони долари

Двете страни се договараат и снимаат филм, некаде пред премиерата во приказната се вмешува #MeToo со стандардна издржаност на обвиненијата, па целиот проект е ставен на пауза. Повеќе

Новиот документарец за Мајкл Џексон го шокираше Санденс

Новинар на Гардијан го гледал и го оценува како „вознемирувачки“. Дело е на режисер награден од Бафта и се фокусира на приказната на две - тогаш многу малолетни - жртви на наводните сексуални настраности на пејачот. „Иако трае цели 4 часа, ќе ви требаат само две минути за да сфатите дека на наследството на Мајкл Џексон веќе никогаш нема да гледате со исти очи.“  Повеќе

Има зошто сега никој не сака да ги води Оскарите

По целиот „ти текнува што збореше пред 10 години“ скандал со Кевин Харт и неговото откажување од водител на Оскарите, американската филмска академија се уште нема најдено човек за церемонијата во февруари. Повеќе

Како оди Рамштајн во супермаркет

И тие се луѓе па мора понекогаш да се промуваат меѓу тезги. Само што во такви случаи, наместо корпа, количка или цегер, Линдеман тегне доброволна  сексуална робинка (со речникот на политичката коректност кој е сличен на речникот на МВР), тоест БДСМ гимп (со речникот на Порнхаб кој е сличен на речникот на Јупорн). Повеќе

Дур си Блинкнал, долгови до гуша

Тим ДеЛонг беше фронтмен на фејкерскиот и јако инфантилен бенд Blink 182 (толку фејк што во урбан речник денес тоа име денес значи „лажен панкер“). Потоа се посвети на сосема друга тема, научни истражувања на НЛО и други феномени. Бетер. Повеќе