Уставно загарантирано право на сатанизам

Одлуката на законодавците на Арканзас да дозволат пред својот законодавен дом поставување на споменик посветен на 10-те Божји заповеди ги отвори портите на еднаквоста па на истата локација членовите на локалниот сатанистички храм решија да постават споменик на Бафомет, прастаро сатанистичко божество.

Откако на локацијата беше поставен споменикот на 10-те Божји заповеди, Сатанистичкиот храм поднесе тужба во која бараше на иста локација да се постави и нивната статуа „во име на религиозен плурализам и Првиот Амандман.“

Сатанистите на Арканзас во 2017 испратија и писмо до локалните законодавци во кое бараа поддршка за својата иницијатива, која се уште ја немаат добиено.

Сатанистичкиот собир имал 5 говорници, меѓу кои и портпаролот и ко-основач на организацијата.

„Овој настан треба да биде инклузивен собир на кој Сатанистичкиот храм ќе го слави плурализмот заедно со Христијаните и секуларните говорници. Луѓето од различни вери ќе се собираат пред законодавниот дом за да ги отфрлат обидите на законодавците на Арканзас да привилегираат една религија во однос на други,“ изјавил портпаролот на организацијата.

20 август 2018 - 11:23