Русите ќе ја градат најголемата православна црква во светот

За сега се само најави, планови и 3Д видео од црквата, која ако излезе како што е најавена неспорно ќе биде најголемата православна црква на светот.

Во преплет на катови, куполи, скалила и ходници, црквата се очекува да има 25 ката, во кои треба да собере вкупно 37.000 верници (Градски стадион има капацитет 33.000).

Локацијата на храмот нема да биде Москва, туку во Сведрловската област во централна Русија, во рамки на еден тамошен женски манастир, а ќе се вика Света Софија.

Зад подигнувањето на црквата стои Отец Сергеј, водач на женскиот манастир каде се планира градењето на објектот. Изградбата се очекува да почне годинава, а крајниот датум за завршување, според црковни извори на руските медиуми, е „во Божји раце“. Наводно дел од финансирањето на проектот ќе биде од кинески инвеститори.

Москва тајмс забележува дека со планирана висина од 77 метри, новата црква ќе биде значително пониска од 120 метарската катедрала што се гради во Романија и која треба да биде готова во 2024.

21 јануари 2020 - 11:35