Зошто Американците се плашат да користат одмор?

Во Америка е вистинска реткост да работиш во приватна фирма а да имаш платен одмор. А и тие што имаат, не го земаат.

Четири од десет Американци не го користат платениот одмор, оставајќи на тој начин свој бакшиш на софрата на богот Мамон вкупно 169 милиони одработени денови кои можеле да ги лежат.

Ова е рекордна бројка во последните 40 години а се должи на воркохоличарската култура, стравот и немањето пари за одмор.

Во просек секој американски работник не искористува по пет платени денови од годишниот одмор. Повеќе од половина вработени во земјата лани не отишле на одмор. Вкупно 135 милиони луѓе. Во едно истражување на мал примерок, само 15 проценти планирале да заминат некаде на одмор (а да е тоа подалеку од 100 милји од дома). 33 % проценти рекле дека со тие пари одмор не можат да си дозволат, 30 % рекле дека се премногу зафатени а 22 % рекле дека им е доволно да одмораат викендашки.

Меѓу причините заради кои не се користи одморот е и несигурноста на работното место и стравот дека премногу работа ќе се натрупа додека се одмора.

Инаку, 77 проценти од Американците вработени во приватни компании немаат платен одмор. Кога го имаат, тој во просек трае меѓу 10 и 14 дена,

Ѕирнете што му се случува на вашето здравје ако не земете одмор.

 

11 септември 2015 - 10:30