Вашето резиме нема врска со вашето вработување

Во истражување кое објаснува многу работи околу нашава компанија, се покажа дека работодавците попрво би вработиле кандидат кој е потенцијално друштво за во кафана, отколку кандидат кој ги има сите работни квалификации.

Студијата на Нортверстерн Универзитетот, го анализирала вработувањето во елитни инвестициски банки, адвокатски фирми и консултантски компании. Професорката Лорен Ривера спровела 120 интервјуа со одговорните за вработување во овие компании.

Во основа, она што заклучила од овие интервјуа е дека тие ги најмуваат луѓето со кои можат да се поврзат и кои им се допаднале.

"Задолжените за вработување често пати им даваат предност на личните чувства за комфор, валидација и возбуда, пред техничките и когнитивните способности на кандидатите," пишува Ривера во своето истражување.

Заради ваквото однесување на работодавците, дури и самите компании имале различни карактери кои се производ на хобијата и стилот на презентација на нивните вработени. Меѓу другите Ривера идентификувала "спортски," "интелектуални," и "затупени" компании.

- Еден менаџер за вработување во инвестициска банка и изјавил на Ривера: "Еден од главните критериуми ми е 'заглавени на аеродром' тестот. Дали би сакал со него да бидам заглавен на аеродром сред некое невреме?"

- Менаџер во една адвокатска компанија одбил комплетно квалификуван кандидат: "Ги гледам интересите (во неговото резиме) - лакрос, сквош, веслање... Тука му ја одредувам неговата личност и не верувам дека добро ќе се снајде кај нас. Ќе го прескокнам овој пат."

- Во еден од најдобрите примери за тоа колку е важно да ги вклучите вашите не професионални активност во резимето, менаџерката за вработување на една банка објаснува: "Таа игра сквош. Секој што игра сквош го сакам. И ја рангирав прва меѓу потенцијалните кандидати за вработување." Друга банкарка раскажува: "И јас и таа го имаме трчано Њујоршкиот маратон... зборувавме за тоа и некако се погодивме... почнавме да зборуваме за тоа како и двете обожаваме следиме славни личности низ Њујорк... одма имавме врска."

Истражувањето во основа го потврдува она што добар дел од луѓето што одат по интервјуа го знаат: постои дел од процесот за вработување кој е длабоко субјективен и кој е во основа не е фер. Никој не може да контролира кој ќе му биде од другата страна на интервјуто и дали тие ќе имаат слични интереси и карактер на твојот.

7 декември 2012 - 09:44