Слушањето музика (на работа) значително ѝ наштетува на креативноста

Многу ни е жал што ќе мора да ви расипеме мерак ама филмската сцена со вработен кој се концентрира со слушалки на уши и растура од работа е идентично веројатна колку која било филмска сцена од Авенџерс.

Заедничка студија на шведски и британски универзитет го истражува влијанието на музиката врз работните перформанси на луѓето. Во студијата се користат четири околини:

- тишина (не апсолутна)
- музика во позадина со странски (непознат) текст
- инструментална музика
- музика со познат текст

Перформансите на вработените значително паднале кога имало музика во позадина отколку кога било стандардна тишина, како и кај инструменталките.

Во експериментот со музиката со познат текст, креативноста на вработените била нарушена без разлика дали музиката била позитивна и жива, дали им се допаѓала на испитаниците, и дали тие претходно биле навикнати да учат додека имало пуштено музика.

Објаснувањето е дека слушањето музика ја нарушува работната меморија на луѓето, заради што е потешко да се завршат задачите кои им биле дадени.

Истражувачите не успеваат да откријат разлика во успешноста на исполнувањето на задачите кога било тишина и кога имало бука стандардна за библиотека.

„Откривме солидни докази за намалени перформанси кога во позадина има музика споредено со тишина.

Да заклучиме, овие резултати се спротивни на општото мислење дека музиката ја засилува креативноста, и наместо тоа покажува дека музиката, без разлика на присуство на текст, конзистентно ги намалува креативните перформанси во решавањето на проблеми,“ објаснува ко-авторот на студијата др. Нил Меклачи од Ланкастер Универзитетот.

5 март 2019 - 10:37