Работничко самоуправување на амстердамски начин

Амстердамските ченгии покренаа бордел кои самите ќе го управуваат и менаџираат. Ваквото ОЗТ е помогнато од градската управа и една од најголемите холандски банки.

Во четири згради во центарот на градот се отворени деловни простории кои се дел проектот "Мојот црвен кварт", бордел со кој управуваат самите проститутки.

Просторот по многу поволни услови им се нуди на претприемачки расположени работнички заинтересирани за само-вработување. Оние кои сакаат  да обезбедат сигурна и пријатна атмосфера за работа а притоа да ги избегнат посредувачките макроа и другите логистички трошоци.

Физибилити студијата за одржливост на проектот ја нарача градската управа на Амстердам а проектот го поддржаа една филантропска организација и една од најголемите холански банки, Рабобанк.
Пред неколку години властите се обидоа да натурат реформи во дејноста кои беа правдани со желбата да се издигне професијата на повисоко нив. Но, бидејќи тоа подразбираше и затворање на фамозните излози, потегот наиде на масовен и доследен бунт од самите сексуални работнички кои порачаа дека "и онака има повеќе девојки отколку излози."

Во Холандија проституцијата е легализирана пред 16 години, секторските работнички се регистрирани во своја комора а данок плаќаат и тие (помалку) и макроата (повеќе) кои пак мора да имаат и лиценца за оваа работа.

Во градот живеат и творат околу 7.000 проститутки, 75 проценти од нив дојдени од некоја југоисточна европска беда.

1 октомври 2016 - 12:01