Колку повеќе си ја сакаш работата, толку те мислат за поглуп

Експлоатацијата на вработените станува многу поприфатлива за околината кога вработениот го сметаат за „пасиониран“ околу својата работа, покажува споредба на повеќе студии.

Трудот објавен во Журналот на личноста и социјална психологија, наведува дека луѓето сметаат дека полегитимно да се натераат пасионираните вработени да го остават своето семејство за да работат за време на викенди, да работат неплатени часови, и да се справуваат со обврски што се нивни.

Искористувањето на пасионираните вработени било конзистентно регистрирано во 8 студии со над 2.400 учесници. Студиите варираат по начинот на поставеност, бројот и типот на учесници, и типот на работа што тие ја вршат.

„Во една од студиите, учесниците кои прочитале дека уметник има силна пасија кон својата работа изјавил дека е многу полегитимно за шефовите да го експлоатираат тој уметник отколку оние кои прочитале дека уметникот не бил пасиониран.

Истото ова расположение важело и за тие што побарале да завршат некоја работа која била вон нивниот опис на работно место, вклучувајќи напуштање на прошетка со семејството во парк или чистење на тоалетот во канцеларија.

Во друга студија, учесниците одлучиле дека е полегитимно да се искористуваат вработени на позиции традиционално повеќе поврзани со пасија, како уметник или социјален работни, отколку на работни места кои главно не се доживуваат како плод на љубов како продавач во супермаркет или инкасатор,“ се наведува во студијата од Дјук Универзитетот.

Истражувачите откриле дека и спротивното е точно, и дека овие што си ја сакаат работата сами си го барале:

Луѓето кои биле експлоатирани на својата работа било поверојатно да ги сметаат за пасионирани околу тоа што го работат.“

23 мај 2019 - 17:04