Пороци

Пивото добива уште една благородна титула

Пивото не е само доказ дека Господ нè сака и сака да бидеме среќни. Пивото е и „животно за емотивна поддршка“. Така ги регистрирал своите пива еден Американец и тоа го сторил со една многу разумна, тоест трезвена причина. Со „животно за емотивна поддршка“ те пуштаат и онаму каде што забрануваат влез за обични животни. Повеќе

Басистот на Faith no More лансираше ракија „Јебига“

Моторхед, Бекам и Дрејк имаат свое виски, Вили Нелсон продава свој бурбон, Џорџ Клуни текила, Мерилин Менсон нуди свој апсинт кој се вика Мансинт,  Бил Мареј инвестираше во словенечка вотка ама басистот на Faith No Morе реши комплетно да побалканчи па ја понуди својата шливка препеченица со етикета како посмртница. Малнар и бандата таквата ракија ја викаа Мирогојчек (по тамошните гробишта), во Скопје би се викала Бутелка. Јебига. Повеќе

Колку може да е тешко да шверцаш дрога, а да не удриш во полиција?

Веројатно има и поглупи начини да те уапсат со дрога, ама не и со над 270 килограми дрога (во вредност од 140 милиони долари). Повеќе

Алчно око стонерско

Орегон е до толку преплавен со легална марихуана, што ако во моментов престане да се сади и одгледува, ќе бидат потребни 6 и пол години за да се испуши (или изеде како додаток во храна) залихата што моментално ја имаат. Повеќе

Розови зони нова „атракција“ во Берлин

По долги години битка, еден од централните паркови во Берлин (Горлицер парк) ќе добие розови зони кои во основа се замислени нешто како канцеларии на отворено за нарко-дилери. Повеќе

Нешто да те питам тато

Родителите цел живот им обесуваат на своите деца да ги чуваат работите, да штедат, да создаваат некаков капитал. И после сè, сето тоа да им го уништиш? Не поминува тоа без судски процес. Повеќе

Само нè лажат

Како ви звучи алкохол што не предизвикува мамурлак, ниту го оштетува црниот дроб, туку само те пијани? Ако ве бендисува, стрпете се пет години. Повеќе

Инстаграмот има да нè банкротира

Ако некогаш мерењето кој има повеќе било со комшијата, сега тој мегдан е преселен пред далеку поголема публика што овозможува далеку поголем опсег на причини за љубомора - Инстаграм. Повеќе

Навлечени на опиум. Навлечени на опиум. Навлечени на опиум.

Земјоделци во Индија се принудени да организираат деноноќни стражи на своите плантажи со афион. Не заради луѓе туку заради папагали. Птичурините ги сконтале ефектите од билката и не можат да се нафтасаат. Кај и да е, ќе почнат пити да прават.   Повеќе

Или математикава е погрешна, или ние требало да живееме 300 години

По ново, секоја дополнителна кригла пиво (од 0,5) ти го скратува животот за 15 минути. Дополнителна над колку? Над 5 пива неделно. Повеќе