Вискито на Лидл од 16 евра прогласено за најдобро на свет

Наспроти сите очекувања титулата не доаѓа од газдата на Лидл, туку од нешто што се нарекува Светски виски награди во организација на Виски магазинот.

Виски академијата е составена од 40 меѓународни експерти кои ги дегустираат сите пријавени кандидати. Дегустацијата не оди во еден ден, туку во текот на јануари и февруари експертите групно минуваат неколку локации низ светот пробувајќи ги пријавените кандидати.

Годинава за најдобро скоч виски овие експерти го избраа 8-годишното Квин Марго, бленд вискито на Лидл. Тоа победи во конкуренција на пијалаци како Блек лејбл на Џони Вокер.

Иако се продава во Лидл, Квин Марго лежи 8 години во дабови буриња пред да биде спакувано за продажба. Се флашира во Шкотска и ги има сите карактеристики на тамошно виски, од состојки до изработка.

Минатата година џинот на Лидл, Хортус артизан, победи на натпреварот на Инстутот „Гуд хаускипинг“, а годинава истиот овој џин беше награден на Икони на џинот наградите организирани од Џин магазинот.

28 февруари 2019 - 09:33