Марата задими меѓу старите

Како што попушта законскиот притисок и се одвива нејзината општествена рехабилитација, марихуаната почнува да се шири во интересни демографски светови. Меѓу постарите од 65 години, бројот на оние кои се дружат со канабисот пораснал дури за седум пати.

Во групата 50-65 години бројот на оние кои користат - што за медицински, што за рекреативни потреби - марихуана се дуплирал а убедливо најголем скок има кај највозрасните.

Податоците се однесуваат на САД  и се извлечени од анализа на мостра од 17.000 возрасни лица. Кај оние 50-65 уживатели има околу 9%. Во истата групација, 54,5 проценти рекле дека во некој момент во животот имале контакт со марихуана.

Дел од новите возрасни фанови на канабисот се почетници а некои се повратници, го користеле во младоста и сега на стари години повторно му се враќаат.

12 септември 2018 - 08:41