Како крокодил ги скапува зависниците

Крокодил е една од најужасните дроги што некогаш постоеле на земјава, чија главна нуспојава е што нејзините корисници буквално физички гнијат и се распаѓаат. По 10 години во Русија, Крокодил неодамна се појави во САД.

Хемиски станува збор за десоморфин, опиат кој е 10 пати посилен од морфиумот (некои верзии се и посилни) и кој прв пат е патентиран во 30-те години од минатиот век. Сето ова немаше никогаш да се спомне надвор од предавање по медицина, доколку еден Русин со диплома по хемија не смислеше начин како да го синтетизира од кодеин, кој во Русија е достапен без рецепт.

Самиот патент за правење на десоморфин е јавно достапен, од тука неговиот автор прави адаптации во кои ги заменува тешко достапните и забранетите хемикалии со состојки до кои зависниците можат полесно да дојдат.

На кратко, списокот на состојки потребни за крокодил е: бензин, јод, таблети кодеин, фосфор од кибрит, средство против затнати водоводни цевки, ацетон, капки за очи и прометазин. Токму прометазин и кодеин се состојките кои се додаваат за да се зголеми ефектот на опијатите.

Целиот проблем не доаѓа директно од десоморфинот, кој зависниците се обидуваат да го екстрахираат, туку од неуредноста со која спроведува целиот процес.

"Проблемот со кодеинот (барем брендовите кои се достапни без рецепт), е што во себе содржат и кофеин, парацетамол, дифенхидрамин и други состојки. Потоа тука е самата реакција. Сосема е јасно дека сите овие се замена за правилните хемикалии. И сето ова дава многу мало количество дрога. Всушност, јас се сомневам дека најголемиот ефект доаѓа од екстрахираниот десоморфин, туку дека тој е од останатите опијати кои се создаваат во крајно неуредната реакција.

Потоа тука се отпадоците од производството. На почетокот тие се обидуваат да го извлечат само кодеинот. Меѓутоа по ова тие не ни пробуваат да ги исфрлат вишокот на состојки и отпадот кој се создал, туку само го пробуваат дали е готов и го користат во вена. pH вредноста на остатоците е премногу ниска и тие може да бидат контаминирани со јодоводород. Заради ова самото инјектирање е ужасно болно, предизвикува хемиски изгореници, го вади калциумот од коските и со тек на време резултира со лузни и гангрена," објаснува сајтот Анимал Њујорк, според кој сам по себе десоморфинот никогаш не би направил ваква реакција, ужасот е од додавањето на прометазин и валканата синтеза.

Слики од ефектите на Крокодил нема да ви покажеме.

16 октомври 2013 - 15:32